„Обвинителството мината недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“. OJO со овој чин ги потврди сите аргументи кои Панделевски ги објаснуваше пред јавноста и судот односно дека не постои никаква злоупотреба на службена должност, дека не постои дело перење пари, исто така дека не постојат оштетени акционери и дека воопшто нема направена штета на држава по ниту еден основ.
Од првиот момент на обвинението против него, Панделевски и неговата одбрана стоеја јавно зад овие аргументи и добро е што конечно истите ги прифати и ОЈО“, информираа од адвокатскиот тим на Панделевски.
Во соопштението додаваат дека со ниту еден доказ обвинителката Лиле Стефанова во целиот период од 7 години од кога е започнат случајот не објасни и не кажа за кое дело беше гонет Цветан Панделевски.
„Наместо објаснување од страна на Стефанова за целиот изминат период се случуваа закани и уцени дека ќе ги прошири делата и кон неговото најблиско семејство. Семејството Панделевски беше под притисок од страна на структури на моќ, целосно неповрзани со правните аспекти на предметот Империја, но притисоци кои направија непоправлива штета на компаниите на Цветан Панделевски.
Кривичната постапка пред седум години започна како шоу – настан и во годините кои следеа Цветан Панделевски и неговото семејство поминаа низ:
• Полициски структури кои со автомати вооружение правеа претрес во нивните домови
• Притворска казна изречена без ниту еден доказ за нејзина основа
• На медиуми беа прикажувани шеми со Оф-шор компании во кои наводно Панделевски бил дел
• Седум години закани континуирани кон семејството дека ќе му ги киднапираат внуците
• Континуирани штети врз работата на компаниите нивна блокада, доспевање на сите кредити, забрани за нови кредитирања на сите компании поврзани со членови на семејството.
И, денеска после сите притисоци и уцени, дури и ОЈО јавно потврди дека Цветин Панделевски не направил ниту штета на државата, ниту дека има оштетени, обвиненијата се повлекоа (две од три), исто така :
• Не е сопственик на никаква оф-шор фирма, ниту пак има каква било поврзаност со такви компании,
• Не се појави ниту утврди ниту еден единствен доказ дека се случило перење на пари од страна на Панделевски
• Не се појави ниту еден оштетен акционер од страна на Панделевски
• Целиот случај Империја се сведе на наводна измама на г-ѓа Кираца Трајковска.
ОЈО и Лиле Стефанова го продолжуваа процесот против Панделевски само за наводна измама на Кираца Трајковска. Прашањето е како г-ѓа Трајковска и самата обвинето лице за измама на акционери во друг правен субјект, од обвинета станува оштетена? И, тоа што е најиндикативно како после пет изминати години во кои заедно со други структури на моќ се правеше обид за изнуда кон семејството Панделевски од 1.700.000,00 милион евра.
Во продолжение на случајот Империја, Панделевски и одбраната ќе докажат дека беа во право како и за претходните обвиненија така и за преостанатото кај Кираца Трајковска и ќе се докаже дека беа правени обиди да се вмешаат национални институции во реализација на обид за изнуда кон семејството Панделевски.
На наредното и се надеваме последно рочиште на 12 јуни оваа година очекуваме да биде повлечено и последното неосновано обвинение против Цветин Панделевски и целосно исполнување на правдата“, стои во соопштението на адвокатскиот тим на Панделевски.