ОЈО ќе се истражува како доказите од аферата со пасошите стигнале во ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска
297 прегледи

По вчерашната акција во која  беа приведени деветмина вработени во МВР кои биле вмешани во аферата со издавање  фалсификувани пасоши.

МВР до Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе две кривични пријави – едната од Единицата за финансиски криминал при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал-Сектор за криминалистички истраги и втората од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за 11 лица за издавањето пасоши со украден идентитет. Тие се товарат кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството  информираат дека 11 лица биле во мрежата за пасоши со туѓ идентитет, ќе се истражува и како документите стигнале во ВМРО-ДПМНЕ.

-Постапувајќи по двете кривични пријави, Обвинителството до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против осум лица, од кои едно е недостапно на органите на прогонот, додека против две лица е поднесен предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавуваат кај определно службено лице, привремено одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело. Еден од осомничените, пак, веќе се наоѓа во притвор по претходен предмет за незаконско издавање возачки дозволи.

Во текот на постапката обвинителството ќе ги утврди сите решавачки факти околу незаконското издавање на патни исправи. Поради обемноста на доказниот материјал и потребата од меѓународна соработка на МВР за прибирање на доказите во овој предмет, беше потребен период подолг од една година. Обвинителството во целост ќе ги истражи информациите за доспевање на податоци од постапката во јавноста во завршната фаза од обезбедувањето на доказите, односно непосредно пред поднесување на кривичните пријави. За таа цел надлежниот јавен обвинител од МВР ќе побара материјални докази дали и кои лица тие податоци ги направиле достапни на јавноста, а воедно ќе обезбеди и вербални докази во рамките на своите законски овластувања, соопштија од ЈО.

Слични содржини