ОЈО отвори истрага за Дрисла по допрен глас

од Vladimir Zorba
97 прегледи

   Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас отвори постапка во врска со работата на депонијата Дрисла за загадување на животната средина и природата.


– По допрен глас отворен е предмет во Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик. Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации, стои во соопштението од Скопско ОЈО.