Основното јавно обвинителство Скопје постапува и веќе презема дејствија на проверки во предметот оформен по допрен глас на 21.01.2026 година од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по однос на јавно изнесените наводи од лицето Жан Митрев, доктор и сопственик на Клиника „Жан Митрев“ – Скопје, а кои се однесуваат на тоа дека поранешен премиер и поранешен министер за здравство се обиделе да го принудат да им ги продаде неговите сопственички удели во клиниката.
Од ОЈО информираат дека во предметот се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.
Сопственикот на клиниката во дебатна емисија рече дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче и екс-премиерот Зоран Заев сакале да му ја преземат клиниката преку притисоци и изнуди.
Филипче на прес-конференција, веднаш по тврдењата на Жан Митрев, ги отфрли сите наводи како неосновани.