Државното Основно јавно обвинителство утрово соопшти дека во тек се рочишта за утврдување притвор за осомничените за катастрофалниот пожар што се случи во дискотеката во Кочани.
Од Обвинителството потенцираат дека информации за други дејствија кои се преземаат ќе има во текот на денот.
„Досега е покрената истрага против вкупно 11 лица. Од нив, предлог за краткотраен притвор е поднесен за осум лица, а останатите три се уште се хоспитализирани во тешка здравствена состојба. Против нив ќе продолжат постапките штом се подобри нивната состојба“, соопштија од ОЈО.
Во пожарот што се случи вчера животот го загубија 59 млади лица, а повеќе од 150 жртви се згрижени во земјава и во странство.