OJO потврди: Новинар од 1ТВ се пријавил да даде исказ

од Марта Пешевска
132 прегледи

Новинар од 1 ТВ се пријавил да даде исказ во Обвинителството во врска со случајот „Рекет“, потврдија за Нoвa од Обвинителство за организиран криминал.

Од полицијата не соопштуват детали ,  ниту пак се знае за кој кој новинар се работи.

Новинарите од Телевизијата пред два дена соопштија дека е емитуван последниот дневник.

Агенцијата за аудио визуелни услуги испитува дали има скриено сопствеништво, односно дали директорот Бојан Јовановски кој е во притвор за случајот „Рекет’ е всушност и сопственик на Телевизијата.