ОЈО Скопје: Автобусот на Дурмо Турс не бил технички прегледан според предвидените процедури

од Берта Китинска
251 прегледи

Техничкиот преглед на автобусот на компанијата Дурмо Турс, кој беше дел од големата сoобраќајна несреќа во близина на село Ласкарци, не бил реализиран според стандардните процедури.

Фото: Борче Поповски

Овој став на денешното рочиште за предметот „Ласкарци”, го изнесе обвинителот Дарко Јакимовски, кој истакна дека автобусот на 2 јули 2018 влегува во техничкиот преглед во 14:16 минути и излегува во 14:18 минути.

– При технички преглед на овој автобус може да се види дека нема ниту еден контролор во работниот канал. Исто така може да се види дека автобусот не подлежи на системот на тресење која е една методологија која се применува кај останатите возила. За илустрација може да се види техничкиот преглед на едно патничко возило „Пежо”. Во овој случај се гледа како контролорот влегува во работниот канал со батерија. Воедно оваа возило се тестира и на системот за тресење, истакна обвинителот Јакимовски.

Одбраната на обвинитетите негодуваше на овој материјален доказ на обвинителство, и истиот го оцени како ирелевантен.

Свој коментар на овој доказ даде и обвинетиот Боваровски, кој се гледа на видео материјалот како се движи околу автобусот. Тој истакана дека во овој случај станува збор за вонреден техники преглед на возило наменето за јавен транспорт и истиот престанал да важи кога се реализира редовниот техничи преглед за регистрација (18 декември 2018 година).

– Техничкиот преглед почнува од 14:12 минути. На снимката може да се види како вршам контрола на стаклата, пневматиците и каросериајта на автобусот. Исто така во еден случај се качувам во автобусот и вршам контрола на копитот. Од кога во внесов возилото во компјутер јас влегувам и во каналот од каде се гледа целото подвожје на автобусот. Гледав да не имаа откачени кабли и констатирав дека нема. На крај автобусот поминува на нагазна плоча за мерење на кочниците. Прво беше мерена предна кончница. Децидно тврдам дека имаше и мерење на рачна кочница, па после и на ножната кочница, исткана обвинетито Боваровски.

Следното рочиште за случајот „Ласкарци”, e закажано на 14 мај.

Во предметот се обвинети шест лица меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули. Според скопското обвинителство, обвинетите се товарат за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во собраќајот.

Во големата сообраќајна несреќа загинаа 16 лица, а над 30 беа повредени.

Слични содржини