ОЈО: Во врска со скандалот на Онкологија извршени се претреси на 3 локации и задржани се 4 лица

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Во врска со скандалот на Онкологија до овој момент извршени се претреси на три локации и задржани се четири лица, информираат од Обвинителство и посочуваат дека Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со дејствијата и дека јавноста ќе биде веднаш информирана, откако ќе се создадат услови за тоа.

Меѓу задржаните е и поранешниот директор на Клиника за онкологија и радиотерапија, а другите биле вработени, од кои едната е медицинска сестра, како што претходно во изјава за медумите потврдија директорката на Клиниката Виолета Клисарова и организацискиот директор, Халид Матоши.

Тие посочија дека Клиниката функционира нормално и сите закажани прегледи и терапии течат тековно без проблеми. Нагласија дека надлежните не разговарале со нив, туку само им посочиле дека имале налог за тоа кој треба да биде приведен.

Слични содржини