278
САД распоредија повеќе од 10.000 свои војници во Полска, изјави денеска американскиот амбасадор во Варшава Марк Бжежински во интервју за новинската агенција ПАП.
„Во моментов ширум Полска се стационирани повеќе од 10.000 американски војници. Тие обучуваат и учествуваат во вежби заедно со полската армија“, изјави американски дипломат, пренесува ТАСС.
Бжежински, исто така, рече дека тенковите Абрамс, борбените авиони Ф-16 и ракетните системи ХИМАРС испорачани од САД се „многу важни за одбранбената способност на Полска и Северноатлантската алијанса“.