Околу 25 мајмуни избегале од зоолошка градина во Германија, еве што направиле

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 25 мајмуни избегаа од зоолошка градина во југозападна Германија и го поминаа денот сончајќи се во близина на шумата, по што беа уловени.

Засега не е познато како мајмуните успеале да избегаат од зоолошката градина во Лефинген, близу Штутгарт и недалеку од границата со Швајцарија.

Полицијата соопшти дека можеби на бегството влијаеле градежните работи во зоолошката градина.

Мајмуните биле забележани како лутаат заедно во близина на зоолошката градина, но вработените не успеале да ги фатат и им изгубиле трага.

Повторно биле забележани неколку часа подоцна, кога, според полицијата, биле фатени и без никаков проблем биле вратени во своите кафези.

„Животните очигледно го искористија убавото време и го поминаа попладнето на работ на шумата во близина на зоолошката градина“, изјави полицијата.

Слични содржини