Водечките светски медиуми известуваат за ситуацијата во главниот град на Украина, Киев, каде во еден хотел се наоѓаат речиси 50 новороденчиња.
Како што се надува, станува збор за сурогат бебиња кои родители од Велика Британија, САД, Италија, Германија, Романија и други земји не можат да дојдат да ги земат, бидејќи границите се затворени поради коронавирусот, јавува „Дејли Мејл“.

Како што наведува весникот, родителите плаќале меѓу 5.745 и 57.365 фунти на агенцијата која има помогнала околу сурогат мајчинството.
За децата се грижи персонал, но фотографиите го алармирале омбудсманот за човекови права во украинскиот парламент, Људмила Денисова.
„Видеото се прошири на социјалните мрежи и е споделувано преку веб страната на една киевска клиника. Видеото покажува 46 бебиња кои моментално се наоѓаат во еден од хотелите во Киев. Сите овие бебиња ги родиле сурогат мајки за граѓани од разни странски држави“, рекла таа.
Како што јавува „Russia Today“, сурогат мајчиството во Украина не е забрането и се наоѓа во легална сива зона. Оние кои стојат зад работата со новородени бебиња може да бидат обвинети за трговија со луѓе во склад со релевантни закони, но изгледа дека властите не се во состојба да се изборат со сурогат мајчинството во земјата.
Скандалозни случаи како овој повремено се појавуваат во локалните медиуми. Пред неколку недели украинската полиција извршила претрес во една приватна репродукциска клиника која наводно продава бебиња на мажи од Кина.