167
Околу 100 нови случаи со коронавирус се потврдени во изминатите 24 часа, но се уште се работат и други земени
брисеви, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје.
Истите извори посочија дека од новодијагностицираните случаи со Ковид-19, најголем број се од Скопје.
Поради големиот број заразени, се очекува Комисијата за заразни болести да одржи состанок во проширен состав.
Доколку се потврдат овие бројки на новозаболени ова ќе биде вториот најголем пик по средината на април.
Вчера во земјава беа регистрирани 76 случаи на ковид-19. Претходниот ден бројката беше уште повисока – 89 случаи плус седум починати.