Оксфордската вакцина ќе биде за целиот свет – Цена: три до четири долари по доза

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

Вакцината против коронавирус, изработена од Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“, ќе биде за целиот свет, бидејќи ќе чини помеѓу три и четири долари.

„Оксфордската вакцина е вакцина за целиот свет. Додека ‘Фајзер’ и ‘Модерна’ објавија дека успешно ја завршиле фазата три од тестирањата, британскиот тим првично истакна дека нивната цел е да го направат нивниот производ достапен за целата планета. Не станува збор само за вакцина која ќе може да се транспортира и чува на нормални температури, туку и ќе биде достапен за сите“, објави британски „Телеграф“.

Целта поставена од научници од Оксфорд и „АстраЗенека“ е вакцината да им биде достапна на посиромашните земји во светот, се додава во текстот.

„Со цена од само три до четири долари по доза, вакцината Оксфорд е само мал дел од цената на вакцината ‘Фајзер’ и ‘Модерна’, што ќе се продава по цена од 20 до 32 долари, што е скапо за многу земји во развој“, наведува „Телеграф“.

Директорот на тимот што ја направи вакцината во Оксфорд, Ендру Полард, вели дека тие направиле „вакцина за светот“.

„Нашата цел беше да ја направиме вакцината достапна насекаде. Мислам дека успеавме да го сториме тоа. Ова се многу возбудливи периоди за здравјето на луѓето”, рече Полард.

Слични содржини