ОКТА: Профитабилноста се враќа на ниво пред кризата преку подобрени оперативни резултати поттикнати од зголемувањето на продажбата

од Vladimir Zorba

ОКТА ги објавува годишните финансиски резултати, со ЕБИТДА која достигна 839 милиони денари, значително надминувајќи ги 630 милиони денари остварени во 2020 година, со соодветна добивка пред оданочување во висина од 453 милиони денари. Следствено, во четвртиот квартал ЕБИТДА следи аналоген тренд, достигнувајќи 228 милиони денари, споредено со 125 милиони денари генерирани во истиот период минатата година.

ОКТА успешно се справи со предизвиците со кои се соочи во услови на несигурно пазарно опкружување во втората година од здравствената криза, додека континуирано одржува строги здравствени и безбедносни стандарди, осигурувајќи услугата кон потрошувачите да се одвива непречено.

Солидните резултати за годината која заврши целосно ја отсликуваат деловната стратегија која ОКТА одлучно и дисциплинирано ја применува во изминатите години. Додека успешно обезбедува зголемување на годишните продажни количини, извонредниот раст и високата профитабилност, компанијата напредува со програмите за трансформација, преку кои ја зголемува агилноста на својата организациска структура и ги намалува трошоците, создавајќи цврста основа за идните достигнувања.

Клучни резултати во четвртиот квартал и во 2021 година

  • EБИТДА достигна 839 милиони денари, споредено со 630 милиони денари генерирана во истиот период минатата година, како резултат на одличните продажни перформанси, претпазливото управување со залихите, што овозможи непрекинато снабдување на потрошувачите во период на многу неизвесности, и континуираното зголемување на меѓународните цени на нафтени деривати.
  • Приходите од продажба изнесуваат 25.946 милиони денари за 12 месеци во 2021 година, надминувајќи ги 15.193 милиони денари остварени во истиот период минатата година, и се резултат на постепеното зголемување на побарувачката и растот на меѓународните цени на нафтени деривати.
  • Бруто маржата го следи трендот на останати показатели, достигнувајќи 1.165 милиони денари за 2021 година, надминувајќи ги 788 милиони денари што беа остварени во истиот период минатата година, како резултат на зголемувањето на продажните количини и континуираниот раст на меѓународните цени на нафтени деривати.
  • Во четвртиот квартал од 2021 година, ЕБИТДА изнесува 228 милиони денари, што е повисока за 82% споредено со истиот период во 2020 година, како позитивен резултат од зголемувањето на продажните количини, кои беа главно поттикнати од зголемениот извоз и растот на меѓународните цени на нафтените деривати, кои бележат пораст од 129% во споредба со четвртиот квартал во 2020 година.
  • На годишно ниво, добивката пред оданочување изнесува 453 милиони денари, надминувајќи 553 милиони денари загуба за истиот период минатата година. Негативен ефект врз резултатот за 2020 година имаше еднократната резервација во износ од 781.4 милиони денари направена во врска со тековниот судски спор со Царинската управа на Република Северна Македонија. Резервација за истиот случај беше направена и во четвртиот квартал од 2021 година во износ од 194 милиони денари што влијае на резултатот на компанијата на квартално и на годишно ниво.
  • Добивката пред оданочување, прилагодена за износот на гореспоменатата резервација, изнесува 647 милиони денари за 2021 година, во споредба со соодветно прилагодениот резултат од 228 милиони денари остварен во 2020 година. Зголемениот резултат е поттикнат од растот на продажбата, зголемениот приход од количините на државните резерви кои се чуваат во инсталацијата на компанијата, придружени со позитивниот ефект на движењето на меѓународните цени на нафтените деривати.
  • Компанијата следејќи ги стратешките приоритети инвестираше 79.331 милиони денари во текот на 2021 година, во одржување на капацитетите за складирање, како и во иницијативите за здравје и безбедност при работа.

ОКТА успеа да одржи доволна ликвидност за да се справи со ризиците предизвикани од КОВИД-19
кризата, што во исто време ѝ овозможи на компанијата да преземе комерцијални активности и да ја
поддржи својата стратегија без да искористи какви било кредитни линии.

Слични содржини