Москва нескриено го брани 11-годишното владеење на конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија беше подложена на директен притисок минатиот месец од руски официјални лица, за да се оддели од Западот или “да се соочи со репресии”, тврди ввесникот “Сандеј тајмс”.
Според изданието, во знак на растечките амбиции на Кремљ кон Балканот, на членовите на македонската влада им биле презентирани барања на Скопје да ја потврди верноста кон Москва. Интервенцијата се појавува како резултат на политичката криза, која достигна кулминација со немирите во македонскиот парламент од 27 април.
“Русија нема потреба од Македонија, но Македонија не може да преживее без Русија”, изјавил рускиот амбасадор во Македонија Олег Штербак.
Москва на овој начин нескриено и јавно го брани 11-годишното владеење на конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ, која одбива да ја предаде власта на опозициска коалиција,која направи парламентарно мнзонство наспроти најбројната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. Во време на најголемата риза и превирања, Москва лиферувасе соопштенија кои му даваа отворена поддршка на Никола Груевски и неговата партија, се со цел да се истисне влијанието на САД и ЕУ.