Австралиската актерска и музичка легенда, Оливија Њутн-Џон, доби кралска титула дама, како специјално признание за нејзината вклученост во борбата против ракот и покренување на свесноста за оваа тешка болест.
Актерката, која е позната по својата улога во „Брилијантин“, долго време води битка со тешката болест. Таа покрај австралиско, има и британско потекло и всушност е внука на нобеловецот Макс Борн.
Во својата благодарност таа изјавила дека е огромна чест да биде во групата жени кои ја добиваат оваа кралска титула. За вклученоста во кампањите за борба и поддршка на болните се и Сем Мендез, Стив Мекквин, Венди Крег, Флорела Бенџамин, Били Оушн и Роџер Тејлор.
Њутн-Џон и покрај тешката борба, останува оптимист и не престанува со борбата. Пред 27 години таа ја дозна ужасната дијагноза, дека боледува од рак на дојката. Болеста повторно се врати во 2013, а во 2017 беше откриено дека се проширила и на дел од ‘рбетот.