Омбудсман: Дел од затворениците не гласаа поради истекот на важноста на личните карти

од desk4
108 прегледи

Од канцеларијата на народниот правобранител реагираат дека, како и за гласањето во првиот круг на локалните избори, така и денеска, дел од затворениците не гласале поради истекот на важноста на нивните лични карти.

Советникот на Народниот правобранител, Зоран Билбиловски рече дека управата на затворот „Идризово“, не води сметка за тоа кога треба да им ги обнови личните карти.

„Кога ќе дојдат на издржување на затворските казни, осудените лица личните карти и ги оставаат на Управата. Управата не ги известува кога изминува рокот на личните документи и не им помага да си ги обноват“, вели Билбиловски.

За вториот круг на локалните избори, кој ќе се одржи утре, денеска, од 7 до 19 часот гласаат избирачите кои се на издржување казна затвор или се во притвор. На гласачките места во 13 казнено-поправни установи, избирачко право имаат 939 гласачи.