• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на сајтот
Најнови вести
Филипче: Дали сум јас патриот кој ја сака Македонија во ЕУ и богата или ДПМНЕ што ја сака изолирана и...
Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки
Нова зима, ништо не се менува: Отровен воздух во Скопје, вечерва вториот најзагаден град во Европа
Трамп: САД повеќе не ја финансираат војната во Украина, Бајден делеше милијарди како бомбони
Романија одобри декрет за преземање на средствата на Лукоил во земјата
ПРОЧИТАЈТЕ: www.standard.mk | www.biznisinfo.mk
Локално
Локално
  • Македонија
  • Интервјуа
  • Колумни
  • Анализи
  • Скопје
  • Економија
  • Регион
  • Европа
  • Денешни
АктуелноГраѓанскиСкопје

Омбудсман: Градинките не ги нудат потребните услови за прием и оптимален развој на секое дете

од desk2 03/12/2018 14:06
03/12/2018 14:06 109 прегледи
109

Предучилишното образование не ги нуди потребните услови и можности за прием и оптимален развој на секое дете. Во отсуство на механизми за системско идентификување, евидентирање и следење на децата со попреченост од најрана возраст, во голема мера се намалуваат можностите за рана стимулација, што го отежнува престојот на децата со попреченост во градинките, кој се сведува најчесто на згрижување, но не и на воспитна компонента и ран стимулативен развој.

 

Ова го покажува извештајот од спроведеното истражување за вклученоста на децата со попреченост во предучилишното образование изготвен врз база на податоците од анкетните прашалници доставени до предучилишни установи во Македонија во периодот 2017/2018 година, а подготвен од канцеларијата на Народниот правобранител, невладината организација „Отворете ги прозорците“ со финансиска поддршка на Европската Унија и канцеларијата на УНИЦЕФ.

-Од анализата на податоците од прашалниците доставени до 58 детски градинки произлегува дека во претходната и тековната година во 39 градинки има згрижено деца со попреченост. Притоа вкупниот број деца со попреченост во овие градинки изнесува 415, рече на денешната прес -конференција заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа.

Најголем дел од овие деца односно 104, како што додаде таа, се деца со аутизам, веднаш зад нив се децата со интелектуална попреченост (101), а најмалку, односно само седум дечиња се со оштетен вид.

-Од останатите категории со попреченост, градинките преку анкетниот прашалник пријавиле 70 деца со комбинирани потешкотии, 13 деца со телесна попреченост и 42 деца со оштетување на слухот и говорот од потежок степен, рече Бајрамовска Мустафа.

Истражувањето покажало дека градинките што се изградени на две, па и на повеќе нивоа, немаат лифт, а нивоата се поврзани со скали. Рампите на влезот не се секогаш градени според стандардите, а занималните се проектирани за 20 деца, а во групите има над 30 деца.

Дури 58,5 отсто од градинките одговориле дека не располагаат со дидактички помагала, а 43,4 отсто кои имаат дидактички материјали се градинки во кои дефектолозите и/или логопедите изработуваат материјали за индивидуална работа со деца, или пак тоа се градинки кои учествувале на обуки.

Бајрамовска Мустафа посочи дека некомпетентноста на стручните тимови и отсуството на дефектолози во градинките ја прават потешка работата со децата со попреченост, бидејќи дефектолозите се клучни носители во инклузијата.

-Вклученоста на децата со попреченост во дополнителните и слободни активности и содржини е ограничена. Добиените податоци од анкетниот прашалник посочуваат дека децата со попреченост учествуваат само во дел од слободните активности. Нивното учество зависи од видот и степенот на попреченост, рече таа.

Приоритетни потреби кои ги имаат градинките, а што произлегуваат од анкетното истражување меѓу другото се вработување дефектолози, обуки за воспитувачите за работа со деца до попреченост, подобрување на физичката пристапност до објектите, обезбедување пристапни педагошко-дидактички помагала, нагледни средства и технологија, обезбедување повеќе наменски финансиски средства за градинките за задоволување на индивидуалните потреби на децата со попреченост, како и измена на правната рамка.

Одговарајќи на новинарско прашање, Бајрамовска Мустафа рече дека во Македонија нема точна бројка за лицата со попреченост.

Сподели FacebookTwitterPinterestLinkedinWhatsappTelegramViberEmail

Анкета

Facebook

Lokalno

Најново

  • Филипче: Дали сум јас патриот кој ја сака Македонија во ЕУ и богата или ДПМНЕ што ја сака изолирана и сиромашна?

    02/12/2025 21:33
  • Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

    02/12/2025 21:29
  • Нова зима, ништо не се менува: Отровен воздух во Скопје, вечерва вториот најзагаден град во Европа

    02/12/2025 20:07
  • Трамп: САД повеќе не ја финансираат војната во Украина, Бајден делеше милијарди како бомбони

    02/12/2025 19:45
  • Романија одобри декрет за преземање на средствата на Лукоил во земјата

    02/12/2025 18:46

Од Уредникот

  • Македонија не може да го заобиколи бугарското вето иако сè погласно се зборува за членство без право на блокада

    02/12/2025 10:01
  • Николовски: Денешниот протест на пензионерите е политички инструиран, судијката Кацарска не може сама да ги намали пензиите

    01/12/2025 10:37
  • Интервју со Младеновска Јеленковиќ: Иднината на македонската винска индустрија е во автентични вина со додадена вредност

    29/11/2025 9:21
  • Продолжува хаосот со автобусите во Скопје – како да се издржи до пролет?

    28/11/2025 9:33

Колумни

  • „Безбеден град“ со небезбедна логика

    02/12/2025 8:14
  • Урбан туризам

    01/12/2025 10:26
  • Мали плунки од кикифритезата на злото

    01/12/2025 9:09

Скопје во срце те носам

Скопје во срце те носам
  • Facebook
  • Twitter
  • Rss
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на сајтот

© Авторски права 2025 - Сите права се задржани.

Политика на сајтот

Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.

Локално
  • Македонија
    • Политика
    • Хроника
  • Интервјуа
  • Колумни
  • Анализи
  • Скопје
  • Економија
  • Регион
  • Европа
  • Денешни