ОМД ги повикува Македонците од дијаспората да се регистрираат за гласање

од Nikola Popovski
445 прегледи

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги повикува сите Македонци кои живеат надвор од Македонија, независно од обновата на своите пасоши, доколку нивното временско траење е сеуште валидно, да се регистрираат за гласање на претстојните избори и ја конкретизираат валидноста на изборите во државите во кои тие живеат.

-Како членови на различи македонски заедници ширум светот, сметаме дека овогодинешните избори се клучен фактор за дијаспората да добие глас во татковината кои би можел да придонесе за нејзиното институционализирање и имплементација на националната стратегија за дијаспора која е клучна во тој процес, велат од ОМД.

Иако сите ние како Македонци, додаваат оттаму, кои живеат надвор од Македонија, сме апелирале за зголемување и подобрување на врските помеѓу нашата татковина и нас како членови на дијаспората, сепак оваа година конечно ќе имаме можност тоа да го направиме статистички конкретно со регистрирање на нашиот глас каде и да сме.

Македонија за прв пат го олесни тој процес и дефинираше конкретни чекори со детални представувања на македонците и нивните регистрирани гласачки права. Затоа, ние како организација го објаснивме истиот процес на 2 јазика Македонски и Англиски и истиот го доставуваме насекаде, порачаа од ОМД.

Државната изборна комисија денеска информираше дека до попладневните часови пристигнати се вкупно 209 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни и претседателски избори. Од ДИК посочуваат дека од вкупниот број пријави 53 се прифатени, девет се одбиени, а за 147 пријави во тек е на обработка.

Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 20 март, в среда.

Слични содржини