Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) му честита на претседателот Доналд Џ. Трамп и на потпретседателот Џ.Д. Венс за нивната инаугурација како 47-ми претседател и 50-ти потпретседател на САД.
„Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Претседателот Трамп и Потпретседателот Венс на приоритетни теми кои се клучни за САД и Американците со македонско потекло,“ изјави Претседавачот на Бордот на ОМД, Арџи Н. Беллио. „Ние сме подготвени да се залагаме за зајакнување на односите меѓу САД и Македонија и економските врски, да го унапредиме признавањето на придонесите на Македонците во американското општество и креираме политики преку новото политичко раководство кон Бугарија и Грција за нивната институционализирана дискриминација против македонските малцинства.“
Во рамките на одбележувањето на Денот на Мартин Лутер Кинг, ОМД ја истакнува својата посветеност кон еднаквоста, правдата и граѓанските права за сите, во согласност со визијата на д-р Кинг за свет без дискриминација и угнетување.
Приоритетите на ОМД спрема новата администрација меѓудругото го вклучува и следното:
„Зајакнување на односите меѓу САД и Македонија: Унапредување на стратешкото партнерство помеѓу САД и Македонија за зајакнување на дипломатските, економските и безбедносните врски,
Човекови права за македонските малцинства: Решавање на дискриминацијата против македонските малцинства во Грција и Бугарија и заштита на нивните основни човекови права.
Договор за двојна даночна обврска: Поддршка на Договор за избегнување на двојна даночна обврска помеѓу САД и Македонија за елиминирање на двојното оптоварување за поединци и бизниси, поттикнувајќи посилни економски односи.
Програма за безвизен режим кон САД: Претставување на реални политики за вклучување на Македонија во Програмата за безвизен режим кон САД за олеснување на патувањата и за зајакнување на врските меѓу народите на двете нации.
Самоопределување и идентитет: Обезбедување на поддршка од САД за правото на Македонија на нејзиното уставно име (Република Македонија) и на самоопределување, вклучувајќи ја заштитата на македонскиот идентитет и јазик.
Месец на Македонско-Американското Наследство: Прогласување на септември како месец на Македонско-Американското наследство за признавање на историските и културните придонеси на Македонците во Америка и промоција на годишен прием во Белата куќа што ќе го слави овој успех.
ОМД со нетрпение очекува да изгради конструктивна соработка со администрацијата на Претседателот Трамп и Потпретседателот Венс, промовирајќи заедничка посветеност кон просперитетот, потврдувајќи ја геополитичката позиција на Македонија во Југоисточна Европа и заштитувајќи го нашето богато македонско културно наследство, идентитет и јазик“.
Обединетата Македонска Дијаспора, со седиште во Вашингтон, САД, е водечка непартиска, невладина и некомерцијална организација која ги застапува македонските заедници ширум светот. Од 2004 година, ОМД ја промовира македонската култура, ги зајакнува меѓународните односи за Македонија и се залага за правата и достоинството на Македонците на глобално ниво.