ОМД против албанската платформа

од Vladimir Zorba
81 прегледи


Обединетата Македонска Дијаспора денеска реагира на платформата на албанските партии и ги повика лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ веднаш да се сретнат и да се согласат околу неколку, според нив, клучни точки:

Итно спроведување на долго одложуваниот попис на населението, осуда на премиерот на Република Албанија за мешање во внатрешните проблематики на Република Македонија, како и неговото барање за промена на уставот. ОМД бара лидерите на најбројните партии да заземат јасен став против федерализација и двојазичност на цела територија како и воведување закон за забрана на формирање политички партии по етничка основа во Република Македонија.