Секој би сакал да живее што е можно подолго и што е можно подобро, а денес информациите и советите за постигнување на таа цел се подостапни од кога било досега.
Едно од нив е неодамнешното истражување објавено во The American Journal of Clinical Nutrition, во кое се издвојуваат хранливи материи клучни за долговечноста.
Ова се омега-3 масните киселини. Тие се еден вид есенцијални масни киселини кои телото не ги синтетизира, туку ги внесува преку храната.
Тие му се потребни на нашето тело за да изврши голем број важни функции, како што е контрола на згрутчување на крвта и производство на клеточна мембрана во мозокот.
Тие дејствуваат и за спречување на воспалителни процеси, намалување на ризикот од срцеви заболувања, астма, Алцхајмерова болест и деменција.
Постојат пет најдобри извори на оваа вредна хранлива материја:
Масни риби – риби кои се најбогати со омега -3 масни киселини се: сардела, харинга, пастрмка, скуша, лосос, сардина и туна.
Соја – Производите од соја стануваат се поприсутни поради зголемената распространетост на веганите кај населението. Еден од најпопуларните производи од соја е тофу.
Семиња – најдобар избор се: семе од сусам, мелено ленено семе и чиа семе.
Масла – најдобри масла се: масло од репка и ленено масло.
Јаткасти плодови – оревите, пеканите и лешниците содржат голема количина омега -3, потоа бадеми и индиски ореви.