Кои намирници се најбогати со омега 3 масни киселини?

од Elena Daskalova

Според лекарите, 2-3 пати неделно риба на менито го намалува ризикот од срцев удар, мозочен удар и нарушувања на метаболизмот на масти.

Корисните масти од рибиното масло имаат многу предности, а се препорачува минимален внес помеѓу 1 и 2 порции неделно, а ако можете и три, но не повеќе од тоа. На овој начин вие го штитите кардиоваскулариот систем, но и целокупното здравје.

Рибите со низок процент на масти се бакалар, пастрмка и лист, додека помасни се лососот, скушата и харингата. Подобра е морската, отколку слатководната риба, се разбира, доколку можете да ја најдете свежа, од проверен извор или продавач.

Доколку се плашите од содржината на јод и жива во морските риби, тоа не треба да ве загрижува, бидејќи процентот кој го внесувате со најмногу две порции неделно е доста низок, а бенефитите се поизразени.

Остригите, сардининте, кавијарот исто така се богати со омега 3 масни киселини. Но, нив можете да ги најдете и во лененото семе и во маслото од ленено семе. Исто така ги има и во чиа семките, оревите, сојата, јајцата и во млечните производи кои се произведени од млеко од крави кои паселе од зелени површини. Концентрацијата на омега 3 масни киселини во млечните производи е помала доколку млеконосните животни се одгледувани во услови на фарма и хранети со сено и концентрати.

Слични содржини