Омикронот има пократкиот период на инкубација – неделава одлука за намалување на деновите за изолација

од Берта Китинска
267 прегледи

Неделава се очекува дали ќе предложи дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена.

Препораката ја донесе Комисијата за заразни болести, а според најавите, се очекува таа денеска да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а во вторник да биде на владина седница.

Др. Драган Кочински во изјава за „Локално“ вели дека деновите за изолација треба да се намалат поради пократкиот период на инкубација на омикрон варијантата.

-Со оглед на тоа што болниот од КОВИД-19 е најзарезен еден до два дена пред појава на симптомите и на самиот почеток на болеста од една страна, од друга страна зголемената трансмисивност на восокозаразната омикрон варијанта која силно го афектира нормалното функцинирање на општеството во целост, потребно е да се намалат деновите на изолација на потврдените. Пократкиот период на инкубација на омикрон варијантата, најчесто од 3-5 дена, ја наметнува потребата и за намалување на карантинот/самоизолацијата и на контактите на заболените, вели тој.

Министерот за здравство Беким Сали во петокот изјави дека во следниот период ќе се следи состојбата со новозаразените и соодветно на тоа ќе се носат препораки и одлуки. Засега, според неговата изјава, болничките капацитети не се целосно исполнети и далеку сме од потребата одредена клиника да се пренамени во ковид центар.
Ковид сертификатите, кои некои земји веќе најавија дека ќе ги укинат, засега остануваат во државава. Според министерот, се уште е рано да се зборува за укинување на овие сертификати затоа што нивото на вакцинација кај населението во земјава е многу помало во однос на другите држави.

Досега во земјата се направени вкупно 1.746.689 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 256.281, бројот на оздравени пациенти е 227.492, на починати е 8.218, а бројот на активни случаи изнесува 20.571.

Слични содржини