Омилениот културен објект на скопјани целосно ќе биде обновен

од Берта Китинска
313 прегледи

Пред започнување на реконструкција на Универзалната сала, Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека во текот на 2021 година Универзална сала, во еден нов сјај ќе им се врати на скопјани и ќе продолжи да биде култно место, каде што е целокупната историја на современа Македонија.

Продолжува реализација на капитални локални проекти, обезбедени се два милиони евра за реконструкција на Универзална сала, соопшти СДСМ.

„Ребалансот на Буџетот за 2020 година, усвоен од страна на парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, покрај помош и поддршка за граѓаните, економијата и здравствениот систем во борбата со коронакризата, обезбеди можност за финансирање на 19 капитални инвестиции во повеќе општини низ државата. Со 120 милиони денари или близу два милиони евра, целосно ќе биде обновена Универзалната сала, омилениот културен објект на генерации скопјани, кој го враќаме на граѓаните, музичарите и уметниците“, велат од партијата.

Со реконструкцијата, додаваат од СДСМ, салата ќе го задржи постојниот внатрешен и надворешен изглед, како и својот архитектонски стил и автентичност.

Слични содржини