393
Многу вкусен омлет кој брзо се подготвува.
Состојки:
– 2 јајца
– 1/2 млади зелени тиквички
– 1/2 црвен кромид
– 4 тенки парчиња кашкавал
– малку пармезан
– маслиново масло
– сол, бибер
Подготовка:
На маслиново масло пропржете сечкан црвен кромид, па додадете ги тиквичките исечени на тенки прстени.
Динстајте додека малку да омекнат. Додајте сол и бибер, па тргнете го од шпоретот.
Јајцата се матат, но не многу, се посолуваат, се истураат во загреана тава подмачкана со маслиново масло.
Набрзина прелијте ја смесата од тиквички и кромид врз јајцата, па наредете ги кришките кашкавал. Пржете додека омлетот не биде готов.
Посипете го омлетот со пармезан и послужете.