ОМО Илинден: 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија, да се испраша Виктор Стојанов

од Vladimir Zorba
157 прегледи

„Веќе 17 години напади врз македонските клубови во Бугарија. Дали полицијата конечно ќе спроведе истрага и овој пат нема да одбие?“, реагираат од ОМО Илинден откако синоќа беа искршени стаклата на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград.

„Да видиме дали ќе ги најде сторителите откако неодамна постави камери над клубот по своја волја. Се надеваме дека тоа беше за безбедност, а не само за следење на оние што влегуваа.

И има од каде да се почне – нека го испрашуваат Виктор Стојанов, еден од организаторите на провокациите, кој во исто време беше во Благоевград со цела банда бегалци“, додаваат од ОМО Илинден.

Слични содржини