Отворање на македонски клуб во Благоевград: „Најрационалиот акт ќе беше да присуствуваат и Ковачевски и Мицкоски“

од Destan Jonuzi

Ќе беше рационално и претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да го посетат отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, што би рефлектирало заедништво во однос на нашите ставови кон политиките на Бугарија, вели политикологот Иво Ранѓеловиќ.

Иво Рангеловиќ

Иво Рангеловиќ

– Најрационалиот акт ќе беше и претседателот на Владата и лидерот на опозицијата заедно да го посетат отворањето на клубот во Благоевград, што би рефлектирало заедништво во однос на нашите ставови кон политиките на Бугарија. Нашата Влада го поздрави доаѓањето на највисоките претставници на официјална Софија при отворањето на културниот клуб во Битола, оттаму нема ниту причина ниту потреба да се проблематизира евентуалната посета од наша страна. Под вакви околности, и одењето на Мицкоски и изостанувањето на Ковачевски се дериват на политички поени, изјави Ранѓеловиќ за „Локално“.

Од друга страна новинарот и политички коментатор, Ацо Кабранов вели дека одлуката на Мицкоски да присуствува на отварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград е негова лична одлука, односно решил да е гостин на отварањето на клубот на „Омо Илинден“.

Ацо Кабранов

– Ковачевски кажа дека нема да оди во Благоевград, но дека со министерството за култура официјално од Софија ќе побараат отварање на македонски културен клуб каков што има во Софија повеќе од 10 години. Тоа мислам дека е во ред. Одлуката на Мицкоски, Мизрахи и Пандов да одат во Благоевград е нивна одлука, односно ресшиле да ја прифатат поканата од „Омо Илинден“. Градоначалникот на Благоевград за бугарски медиуми демантираше дека тој забранил, па се предомисли и дозволи отварање на клуб со име на „Никола Вапцараов“ од активистите на „Омо Илинден“, истакна Кабранов во изјава за „Локално“.

Инаку, здружението на Македонци во Бугарија „ОМО Илинден – Пирин“ денеска информира дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на официјалното отворање на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија. Од здружението повторија дека отворањето на македонскиот клуб е официјално дозволено од градоначалникот на Благоевград. Меѓу поканетите на отворањето на клубот е и новоименуваната амбасадорка на РСМ во Софија, Агнеса Руси Поповска.

Вчера премиерот Димитар Ковачевски најави дека нема да присуствува во Благоевград на отворањето, но порача дека Владата ќе ги испрати официјалните документи до нивните бугарски колеги за македонскиот културен центар. Отворањето на клубот е закажано за недела, 30-ти октомври.

Д.Ј.

Слични содржини