Популарните чизми UGG се чини дека никогаш не излегуваат од мода. Нив ги има насекаде, без разлика дали се оригинал или пак, некоја слична копија.
Можеби не се естетски најприфатлив избор и најпријатни за око, а за тоа зборува фактот дека има група дежурни „мразачи“ на овој тренд. Сепак, тоа не ги прави помалку популарни.
Всушност, создадени се во 20-те години од минатиот век, а најголема популарност доживеале во 70-те. Потекнуваат од Австралија и оригинално се прават од волна од мерино овца. Нивниот дизајн ги прави да бидат најудобните чизми на светот, а во исто време се и многу топли и дозволуваат да бидат комбинирани и во спортска и во елегантна варијанта.
Оние кои постојано ги носат велат дека се чувствуваат како да одат по облаци. Дополнително за удобноста придонесува и тоа што се доволно широки во делот кај прстите. Ако купите оригинални UGG чизми или пак, некои од поскапите и поквалитетните варијанти, ќе добиете водоотпорен производ кој не се лизга и ги штити вашите стапала. Но, имајте предвид дека постојат и поевтини и попристапни варијанти кои не се водоотпорни и нивната намена е повеќе декоративна отколку практична.
Ако уште сте скептични, ве советуваме да им дадете шанса. Буквално ќе се вљубите во нив.