Според извештајот на ОН, се очекува до 2055 година бројот на новороденчиња во Албанија да биде речиси четири пати помал од сегашниот. Се наведува дека во последниот извештај на Обединетите нации за наталитетот, Албанија е истакната како една од земјите со најголем пад на наталитетот.
„Проекциите на ОН предвидуваат дека бројот на раѓања ќе се намали на 6.000 од сегашните 23.000. Се очекува падот да биде драстичен во првите 10 години, односно до 2035 година, кога бројот на родени ќе се намали на 15.000, а во 2045 година ќе достигне 10.0 годишно“, пренесуваат албанските медиуми.
Според ОН, два главни фактори стојат зад падот на наталитетот во Албанија: емиграцијата и стареењето на населението.
„Меѓународната миграција индиректно влијае на бројот на раѓања во земјите на дестинација и земјите на потекло. Во земји и области како Албанија, Ерменија, Гвадалупе или Јамајка, емиграцијата на голем број жени во репродуктивна возраст го намалува бројот на раѓања во тие земји“, се наведува во извештајот.
Албанија не е единствената што се очекува да се соочи со овој феномен, бидејќи проекциите за пад на наталитетот го погодуваат целиот балкански регион – драстични намалувања се предвидуваат и во Македонија и Црна Гора.
Поради големиот број раѓања во текот на годината, Србија ќе биде земја која ќе доживее најмал пад на наталитетот, каде во моментов се евидентираат 53.000 раѓања годишно.