ОН: Драматичен пад на бројот на населението на Балканот

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Драматичниот пад на бројот на население во земјите од Југоисточна Европа, најмногу заради иселувањето на младите, ја загрозува способноста на овие земји  да го оддржат постојниот систем на социјална заштита, предупредија денеска Обединетите нации.

Според последните проценки на ОН, девет од 10 држави на кои најбрзо им опаѓа бројот на населението, се наоѓаат во Источна и Југоисточна Европа, изјави Алана Армитаж, директорка на Популацискиот фонд на ОН за Источна Европа и средна Азија, пренесуваат британските медиуми.

ОН проценуваат дека Бугарија до 2050 година ќе загуби четвртина од денешната популација и дека и сите околни држави ќе губат население во следните децении.

-Заради помалкуте деца и големата емиграција населението на земјите од Југоисточна Европа се намалува и старее, а, за разлика од Западна Европа, не се тежнее кон имиграција за да се пополни разликата, изјави Армитаж

Во повеќето земји од Југоисточна Европа, меѓу 1995 и 2035 година, делот на лицата постари од 65 години ќе биде два пати поголем во вкупната популација, а во некои и дури три пати поголем, проценуваат ОН.

Помалку работно способното население го повлекува и прашањето за оддржливоста на сегашниот систем за социјална заштита, па така и на пензиите, наведува Армитаж.

Слични содржини