ОН ги прозваа САД поради извештаите за шпионирање на Гутереш

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Обединетите нации официјално изразија загриженост до САД поради извештаите за американско шпионирање на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и други високи функционери на светската организација.

Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик, истакна дека на Американците им било јасно ставено до знаење дека таквите дејствија не се во согласност со обврските на САД наведени во Повелбата на ОН и Конвенцијата на ОН за привилегии и имунитети, пренесе „Ројтерс“.

Претходно беше наведено дека некои од документите од извештајот покажуваат како Вашингтон внимателно го следел Гутереш, а неколку од нив ја опишале и приватната комуникација меѓу првиот човек на ОН и неговиот заменик, пренесува Би-Би-Си.

Слични содржини