ОН го почитуваат интегритетот на Украина, не ги признаваат референдумите

од Stefanija Kuzmanovska
212 прегледи

Обединетите нации го почитуваат територијалниот интегритет на Украина и не можат да ги признаат резултатите од референдумот за припојување на самопрогласената Народна Република Доњецк, Народна Република Луганск, регионите Херсон и Запорожје кон Руската Федерација, изјави потсекретарот на ОН за политички и мировни прашања, Розмари Ди Карло, во Њујорк.

Референдумите се одржаа среде воен конфликт во областите под руска контрола, надвор од украинските правни институции, и затоа не може да се сметаат за вистински израз на волјата на народот, рече Ди Карло на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина.

Референдумите беа следени од повеќе од 100 меѓународни набљудувачи од 40 земји, вклучително и членки на ЕУ.

Слични содржини