Он-лајн јавна дебата за Политиката за економичност на горива на РМ

од Марта Пешевска
149 прегледи

Замена на Акцизата за увоз на возила со закон за данок на возила врз основа на емисиите на јаглерод диоксид, субвенции за „озеленување“ на возниот парк и измена на методологијата за пресметка на надомест за животна средина при годишна регистрација на возила врз основа на СО2 емисии, се предлозите што ќе бидат презентирани денеска на он-лајн јавната дебата за Политиката за економичност на горива на РМ.

Дебатата ќе биде отворена за дискусии, прашања и коментари на фејсбук страницата (https://www.facebook.com/events/380399412707149/?notif_t=plan_user_invited&notif_id=1545148325088849).

Ја организира проектот „Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“, а ќе се одржи  во Канцеларијата на Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ).