ОН: Светот се соочува со „генерациска катастрофа“

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди денес дека светот се соочува со „генерациска катастрофа“ поради затворањата на училиштата поради глобалната пандемија на коронавирус.

Тој додаде дека безбедното враќање на учениците во училниците мора да биде врвен приоритет.

Во видео изјава, Гутереш потсети дека од средината на јули, училиштата се затворени во околу 160 земји, што има зафатено околу милијарда ученици, како и најмалку 40 милиони кои се во предшколска возраст.

На тоа, како што рече, треба да се додаде дека повеќе од 250 милиони деца не оделе на училиште дури и пред пандемијата, како и дека во земјите во развој, само четвртина од учениците во средните училишта се здобиваат со основни вештини.

„Сега се соочуваме со генерациска катастрофа што може да одземе огромнен човечки потенцијал, да го поткопа повеќедеценискиот напредок и да ги влоши постојните нееднаквости“, рече Гутереш, кој ја започна кампањата на ООН „Зачувај ја нашата иднина“.

Слични содржини