ОН: Во израелски напад погодено училиште, помеѓу жртвите има и деца

од Stefanija Kuzmanovska

Палестинците денеска соопштија дека при израелски напад е погодено училиште, кое служело како засолниште.

Според очевидците во израелскиот воздушен напад погодено е училиштето Ал Факур во Џабалија.

Сппоред палестинското министерство за здравство во нападот загинале најмалку 15 луѓе, а десетици се повредени.

Директорката за комуникации на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Жилиет Тума, потврди дека училиштето управувано од УНРВА е погодено и дека помеѓу загинатите има и деца. Таа не навела бројка на жртвите.

Најмалку еден воздушен напад го погодил училишното игралиште каде имало шатори за бегалските семејства.

„Вториот напад го погодил училиштето во кое жените печеле леб“, истакна Тума.

Слични содржини