ОН: Во просек на секои десет минути во Газа е убиено по едно дете

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Канцеларијата на Обединетите нации во Женева на социјалните мрежи го објави обемот на нападот врз Газа, цитирајќи го извештајот на УНРВА, агенцијата на ОН за палестински бегалци.

Агенцијата за бегалци на ОН, УНРВА објави застрашувачка информација на својот профил на платформата Х:

„Во просек, на секои десет минути за време на војната во Газа е убиено по едно дете, а две деца се ранети, Децата НЕ СЕ ЦЕЛ“, се наведува во објавата.

Во Газа беа убиени повеќе од 4.000 деца, додека вкупниот број на загинати се приближува до 10.000.

Од 2.600 Палестинци пријавени како исчезнати во урнатините од воздушните напади, околу 1.270 се деца, наведе министерството за здравство на Газа.

Речиси половина од загинатите во Газа се деца, а оние деца кои ги преживеале нападите сега се оштетени и физички и психички, велат од Агенцијата за деца на ОН.

„Ситуацијата е катастрофална за децата ширум Појасот Газа“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ Тоби Фрикер за „Ал Џезира“.

Слични содржини