ОН: Во три дена офанзива на Сирија, 100.000 раселени, 400.000 без вода

од desk2
179 прегледи

 

Обединетите нации проценија дека околу 100.000 луѓе се раселени во текот на три дена од офанзивата на северот на Сирија, додека училиштата, клиниките и продавниците се затворени.

Од таму велат дека повеќето раселени се кај роднини или во соседните заедници, но предупредуваат дека расте бројот на оние кои спас од борбите ќе побараат на југот од земјата.

Светската организација соопшти и дека поради борбите надвор од употреба е водоводот во градот Ал-Хашакех, па 400.000 се без вода.

Не е можно да се поправи системот додека траат борбите па ОН бара хуманитарна пауза да се реши проблемот.

Слични содржини