OnePlus 5T доаѓа во црвено навреме за 14. февруари (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Ако сакате за 14. февруари да ја изненадите саканата со нов смартфон во црвено, „OnePlus“ има специјална понуда за вас.

Компанијата објави дека започнува со масовна продажба на нова црвена варијанта на телефонот, кој дебитираше на крајот на минатата година, но досега беше достапен само во ограничени региони.

Уредот ќе биде достапен во Северна Америка и Европа во ограничен број, па ако сакате да се снабдите со него, можеби е добра идеја да побрзате.

Специјалната верзија ќе се нуди само со 8GB RAM и 128GB меморија, а продажбите започнуваат на 6 февруари во OnePlus.net по цена од 559 долари во САД, 499 фунти во Англија и 559 евра во Европа.

За да можат потрошувачите да ги добијат телефоните навреме за 14. февруари, компанијата нуди бесплатна брза испорака за сите договори кои се направени пред 8 февруари – така уредите ќе бидат доставени во рок од 2-3 дена.

Заедно со тоа OnePlus нуди 15% попуст при купување на два идентични додатоци, како слушалки, футроли и ранци.

Слични содржини