OnePlus сака да прави телевизори

од Vlatko K
83 прегледи

OnePlus сака да го следи примерот на Xiaomi, создавајќи свој сопствен екосистем на сродни производи. Компанијата сега нуди додатоци како што се слушалки и ранци, но сега гледа во поголеми уреди како телевизори.

Веста беше споделена озводи од паметниот дом.

Во интервју за „Business Insider“, Пит Лау наведува дека уредот може да се појави на пазарот следната година, а последователни софтверски ажурирања ќе ја прошират функционалноста. Очекуваме тоа да е премиум производ од висока класа со можност за лесно поврзување со смартфонот на корисникот, со вградена камера и со вештачка интелигенција.

Телевизорот ќе се развива од нов оддел на компанијата и засега е во многу рана фаза од своето постоење, а во меѓувреме OnePlus бара повратни информации од корисниците какви функции очекуваат да видат.