Онлајн Априлијада по повод Денот на шегата

од Берта Китинска

По повод Денот на шегата Детскиот културен центар Карпош денеска на својата фејсбук-страница со пренос во живо ќе организира градска Априлијада.

Априлијадата ќе започне во 12 часот, а од ДКЦ Карпош ги повикуваат сите да се придружат на настанот.

– Во овие услови кога ни е најпотребно смеење, првпат на несекојдневен начин ја организираме градската Априлијада. Смеењето е здравје, а здравјето ни е најпотребно во моментов, наведуваат во соопштение од ДКЦ Карпош.

Слични содржини