Онлајн-состанок на Заев со Вучиќ и Рама: „Ова е нов Балкан, европски“

од Берта Китинска
204 прегледи

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил информираше дека утрово имал состанок посветен на подготовките за Економскиот форум кој ќе се одржи на 29 јули.

-Утрово имав продуктивен состанок посветен на подготовките за Економскиот форум за регионална соработка, кој заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама го организираме во Скопје на 29 јули.Се поврзуваме уште повеќе за да го олесниме и подобриме животот на сите наши граѓани. Ова е нов Балкан, европски, напиша Заев.