Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 240 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 43 пациенти позитивeн и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 15, во ковид-центарот во Гостивар 7, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 14 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 7, Кавадарци 7, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 151 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 391 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите.Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.