Опаѓа бројот на корисници на Фејсбук поради овие промени

од desk2
65 прегледи

Најновите истражувања покажуваат дека корисниците на Фејсбук поминуваат отприлика 50 милиони часа помалку на ден отколку што беше случај пред промената во начинот на дистрибуција на содржината по пат на “News Feed”.

Извештајот за четвртиот квартал во 2017 година вели дека бројот на активните дневни корисници во САД и Канада паднал од 185 милиони на 184 милиони додека бројот на месечни активни корисници останал на 239 милиони.

Наспроти тоа, бројот на дневните и месечните активни корисници на социјалните мрежи пораснал во однос на третиот квартал за 14 отсто. “Recode” пишува дека бројот на дневните активни корисници на Фејсбук во последниот квартал во однос на третиот пораснал за 32 милиони и дека сега изнесува 1,4 милијарди. Меѓутоа, овој раст е најслабиот забележан раст од кварталите уште од 2015 година.

Закерберг претходно овој месец предупредил на пад на употребата, велејќи дека тоа е очекувано со оглед на тоа што се внесени промени во “News Feed”.

“Очекувам дека времето поминато на Фејсбукот ќе биде повредно. Доколку ја направиме вистинската работа, верувам дека тоа долгорочно ќе биде добро за нашата заедница и за нашата фирма”, изјавил тој.

Основачот на Фејсбук открил и какви промени ја очекуваат оваа социјална мрежа во наредната година.

“Во 2018 година ќе се фокусирааме на тоа користењето на Фејсбук да биде добро за луѓето и заедницата, а не само забавно. Тоа ќе пробаме да го оствариме така што ќе ги поттикнеме луѓето да остваруваат значајни интеракции, а не само пасивно да ја консумираат содржината”.

Иако Фејсбук се труди да ги искорени “лажните вести”, поранешниот директор во социјалната мрежа Дипајан Гош смета дека деловната политика на компанијата директно го погодува ширењето на токму таквите информации.

“Лажните вести лесно се шират затоа што се ослонуваат на стратегии на дигитално огласување кое досега се покажаа како успешни. Интересите на огласувачите и платформата на која се дистрибуираат огласите се исти, а дистрибутерите на лажните информации изгледаат исто како и останатите огласувачи”, напишал во извештај со Бен Скот.

Гош и Скот наведуваат дека Фејсбук мора да ја промени политиката за заштита на приватноста со цел да оневозможи експлоатација на демографските податоци на корисниците и дека “News Feed” би требало да биде хронолошки организиран а не по важност.