259
Парчиња фасада паѓаат од зградата која се наоѓа веднаш до факултетот за Туризам и Менаџмент спроти Лептокарија во Општина Карпош.
Жителите кои ни ги испратија фотографиите велат дека секојдневно поминуваат покрај оваа зграда и со страв се движат, незнаејќи што може да падне врз нивните глави и бараат општинските и градските власти да го решат овој проблем пред некој граѓанин посериозно да биде повреден.