Општина Карпош: Граѓаните да бидат внимателни на улицата „Трифун Бузев“, паѓаат делови од фасада

од Radmila Tasevska

Известување од Општина Карпош до граѓаните да бидат внимателни на улицата „Трифун Бузев“ во Карпош 4 бидејќи паѓаат делови од стара фасада.

– По реакција од станари од зграда бр. 4 на улица „Трифун Бузев“ во Карпош 4 за одронување на делови од дотраена фасада, службите на општина Карпош излегоа на терен при што констатираа дека постои потенцијална опасност за минувачите, информираат од општината.

Поради загрозената безбедност местото е оградено со лента, а забраната за минување ќе важи до санирање на фасадата.

Слични содржини