Опериран претепаниот Пендиков, останува на лекување во Софија

од Nikola Popovski
178 прегледи

На Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија е извршена операција на долната вилица на македонскиот државјанин со бугарска самосвест Христијан Пендиков, соопштило бугарското Министерство за одбрана.

Состојбата на пациентот е стабилна и тој не се наоѓа во животна опасност. Пендиков останува на лекување и опсервација во болницата, пренесуваат бугарските медиуми.

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков беше тешко повреден по физички напад на 19-ти јануари. Тој во петокот со владиниот авион „Фалкон“ беше пренесен во Бугарија и сместен во ВМА.

-Кога Пендиков бил примен во болница, лекарите констатирале бројни повреди на лицето и телото, односно полифрагментна фрактура на долната вилица, соопшти тогаш тамошното Министерство за одбрана.

Софија остро реагираше на нападот и побара од Скопје одлучни мерки за, како што вели, борба против омразата против етничките Бугари во нашата земја. Во Бугарското МНР беше повикана македонската амбасадорка Агнеса Руси Поповска и ѝ беше врачена протестна нота, а во главниот бугарски град допатува и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Фото:  Dir.bg

Слични содржини