Опожарени два автомобила во Гевгелија

од desk2
21 прегледи

Ноќеска дошло до пожар во кој се опожарени два автомобила во Гевгелија. Како што соопшти МВР, утрово во 3:03 часот e пријавено дека на ул.„Апостол Петков“ во Гевгелија, настанал пожар на патничко моторно возило „пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко моторно возило „џип“ со велешки регистарски ознаки, паркирани пред куќата на М.К.(58).

Известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини