417
Во СВР – Скопје утрово, во 2:25 часот, било пријавено дека на булевар „Видое Смилевски – Бато“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Д.(38) од Скопје.
„Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, се наведува во МВР-билтенот.
Во вториот случај, пак, утрово во 3:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот на Б.Л.(48) од скопското село Кадино, општина Илинден, настанал пожар во неговото патничко моторно возило „фиат 500“ со скопски регистарски ознаки.
Сопственикот сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема.