Oпожарени шест куќи во Скопје, седум лица завршија во болница

Пожар зафати шест куќи во Скопје, повеќе лица хоспитализирани во болница

од Nikola Popovski
43 прегледи

На 13.07.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Скупи“ во Злокуќани, Скопје настанал пожар во кој биле опожарени шест куќи, додека на две куќи биле зафатени делови.

Во пожарот малолетник се здобил со повреда и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Во истата болница била пренесена и Ш.С.(34) поради вдишување на чад. Исто така, Р.С.(69), Х.Х.(49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.

Слични содржини